18 јули 2025

Превентивна активност на СВР Струмица за заштита од имотни деликти

 Вчера (17.07.) полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш во просториите на Здружението на пензионери во Радовиш реализираа превентивна активност со пензионерите, членови на ова здружение. Целта на активноста беше преку непосреден разговор со присутните да им се укаже за начините како да се заштитат од кражби и измами, а воедно, беа запознаени како да ги препознаат можните измамници и да се заштитат од истите, а се со цел превенирање односно да не дојдат до ситуација во која би биле жртви на вакви кривични дела. Исто така, се разговараше и за потребата од почитување на сообраќајните правила.