Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

             Одделот за внатрешна контрола,криминалистички истраги и професионални стандарди е контролниот механизам на Министерството за внатрешни работи врз работата на полицијата и Министерството, поради што и надлежностите на Одделот опфаќаат широк спектар на мерки и активности, кои се преземаат и се  насочени кон утврдување на непрофесионалното, незаконито и неетичко постапување на вработените во Министерството за внатрешни работи, како и преземање на низа мерки и активности за нивно спречување од превентивен и репресивен аспект. Согласно Законот за внатрешни работи, Одделот за внатрешна контрола, криминалистичи истраги и професионални стандарди е посебна и независна организациска единица на Министерството за внатрешни работи која остварува внатрешна контрола за потребите на Mинистерството и спроведува постапки за оценување на законитоста на постапувањето на вработените  во МВР.
 
            Граѓаните имаат право да поднесат претставка до Министерството односно до Одделот заради заштита и остварување на своите права и кога сметаат дека со постапувањето на работникот во Министерството се повредени нивните слободи и права. За извршената проверка на наводите во претставката Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во рок не подолг од 30 дена од приемот на претставката  во писмена форма треба да го извести подносителот за утврдената состојба и преземените мерки.
 
         Антикорупциската борба во Министерството и полицијата  во континуитет ќе биде насочена кон одржување на веќе постигнатите резултати и подигање на нивото на ефикасност. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди со својата проактивна борба против корупцијата  ќе превзема мерки и активности со кои ќе го стесни просторот на коруптивното однесување на вработените во Министерството и полицијата, како и откривање и соодветно санкционирање на секој конкретен случај на незаконито и непрофесионално постапување на вработените во Министерството. Акцент на работата на Одделот ќе биде даден на доследно почитување на корпусот на човекови слободи и права согласно Уставот на Република Северна Македонија и ратификуваните меѓународни договори од страна на Министерството и полицијата. Имајќи ја во предвид определбата за целосно остварување на превентивната функција, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе врши континуирани контроли во организациски единици на Министерството заради доследно применување на законските прописи, постапување согласно правила и прописите со цел заштиота на чоековите слободи и права и  воспоставу на партнерскиот  однос со граѓаните, како и целосно почитување на човековите слободи и права, а се со  цел функцијата на полицијата да се реализира како сервис на граѓаните.
             Врз основа на прибраните податоци информации и сознанија до кои  ќе дојде Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе бидат превземени плански и организирани мерки и активности со цел документирање и докажување на незаконското, непрофесионално и коруптивно постапување на вработените во Министерството.

ДОКУМЕНТИ И АКТИ

 

 

 

  Антикорупциска програма на МВР за 2025 година

АКЦИСКИ  ПЛАН ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА АНТИКОРУПЦИСКАТА ПРОГРАМА ЗА 2025 ГОДИНА

 

  - Антикорупциска програма на МВР за 2025 година (eng)

 

АКЦИСКИ  ПЛАН ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА АНТИКОРУПЦИСКАТА ПРОГРАМА ЗА 2025 ГОДИНА (eng)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

         

 

 

         

 

 

 

 

         

 

 

 

 

 

 

 

 

 - Антикорупциска програма на МВР за 2024 година и акциски план за имплементација

 

  - Антикорупциска програма на МВР за 2023 година


 - Антикорупциска програма на МВР за 2023 година (eng)

 

 - Антикорупциска програма на МВР за 2022 година

 

- Антикорупциска програма на МВР за 2021 година

 - Антикорупциска програма на МВР за 2020 година


- Антикорупциска програма на МВР за 2019 година

- Антикорупциска програма на МВР за 2018 година 

- Антикорупциска програма на МВР за 2017 година