16 јули 2025

Превентивна активност на Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај при МВР во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

 

Во рамки на летната кампања на МВР и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“, припадници на Мобилната единица за безбедност на патиштата на 15.07.2025 година на наплатна станица Сопот одржаа превентивно-едукативна активност за подигнување на свеста кај возачите за значењето на заморот при управување со возило во летниот период.

На возачите им беа делени и едукативни летоци со информативни содржини изработени во соработка со РСБСП.