Денеска (16.07.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Штип беа реализирани повеќе превентивни активности. Полициски службеници од ПО за БПС Берово, во Берово спроведоа превентивно едукативна активност под мотото „Не зборувај на мобилен телефон додека возиш“. Основна цел на активноста беше зголемување на сообраќајната култура, со цел максимално почитување на сообраќајните правила и прописи, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така на возачите им беше поделен и едукативен материјал –летоци, изработени од РСБСП.
Во Пробиштип, односно на локации околу градскиот пазар, како и во селото Долни Стубол, од страна на полициски службеници од ОВР Пробиштип беа реализирани превентивни кампањи од областа на имотниот криминалитет, односно на граѓаните, посебно на повозрасните, покрај практичните совети во врска со начините и постапките кои треба да се преземат во насока на поголема заштита од сторители на џебни кражби, им беа поделени и летоци со едукативна содржина. Исто така и во селото Горни Стубол, реализирана беше превентивна активност, при што полициските службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд, а стана збор и за тоа како и каде да ги пријавуваат пожарите, односно за начините за превенција и заштита на шумите.
Воедно, на возачите на моторни возила им беше препорачано да внимаваат кога се движат низ патишта кои поминуваат покрај шуми и шумски појаси, да не фрлаат догорчиња од цигари или стаклени предмети, затоа што на тој начин не само што се загадува природата, туку можат да предизвикаат шумски пожари за чии што последици по шумскиот фонд можат да бидат потребни децении да се надоместат.
И полициски службеници од ПО за БПС Кочани во Кочани, како и полициски службеници од ПС ОН Делчево во Делчево, денеска реализираа превентивни активности. Во Кочани под мотото „Паркирај совесно и не оставај вредни предмети во возилото“, додека пак во Делчево под мото „Градиме пријателство -создаваме безбедност“ се говореше за превенцијата од имотни деликти.