16 јули 2025

Превентивна активност на ПСГН Пехчево за заштита од пожари

 На подрачјето на Регионалниот центар за гранични работи Исток,  вчера (15.07.) полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево, во селото Двориште, општина Берово, спроведоа превентивна активност за заштита од пожари.
При тоа полициските службеници ги информираа граѓаните за потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор, а граѓаните беа информирани и за законските одредби и санкции особено во поглед на законската регулатива која го опфаќа делото пожари односно ,,предизвикувње општа опасност” регулирано во Кривичниот законик на РСМ по чл. 288, со што се предвидува казна затвор од 6 месеци до 5 години. Граѓаните беа информирани и околу мерката за целосната забрана за движење во шумите. Исто така, им беа поделени информативни летоци, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“.