13 јули 2025

Превентивни активности на СВР Штип за заштита од пожари

 

Отсекот за превенција при СВР Штип вчера (12.07.) во содејство со Шумската полиција – подрачна единица Штип, на повеќе локации во општина Карбинци и на Плачковица реализираше превентивни активности согласно превентивните планови во врска со заштита пд пожари на отворен простор, како и околу мерката за целосна забрана за движење во шуми и шумско земјиште. Под мотото – „Шумите се наше најголемо богатство“ во непосредна комуникација со месното население и граѓаните-посетители на овие подрачја, полициските службеници укажуваа за ризиците и последиците од шумските пожари, а на граѓаните воедно им беа делени летоци со едукативна содржина изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“.

Исто така, полициските службеници посочија низа конкретни примери и практични совети за правовремена заштита и превенција од пожари, а особено беше нагласена неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата пред се преку точно и брзо пријавување на бесплатниот број 112, како и почитување на воведената мерка за забрана на движење во шуми и шумско земјиште.