11 јули 2025

Превентивна активност на СВР Куманово за заштита од пожари

 Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово денеска (11.07.) во Куманово одржаа работна средба со триесетина претставници и претседатели на месни заедници на исто толку населени места од подрачјето на надлежност на СВР Куманово, а во насока на заштита од пожари. 

Притоа, овој пат, фокусот беше ставен на користењето на земјоделски машини (комбајни), како и расчистувањето, односно можното палење на стрништа, меѓу растителен отпад и слично. Во врска со користењето на земјоделските машини беше порачано покрај вимателноста при работа, комбајните задолжително да имаат ПП апарат и туби со вода, и секоја месна заедница да ги засили апелите до жителите сувата трева да се искоси и отстрани подалеку од куќите, а гражаните од куќите и викендици кои се до стрништа и шуми да направат заштитен појас околу објектите.