11 јули 2025

Превентивни активности на СВР Битола за безбеден сообраќај

 Денеска (11.07) полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола, како и полициски службеници при ОВР Ресен, на подрачjе на Битола и ресенските села Сливница, Лавци, Волкодери и Асамати реализираа низа на превентивни активности од областа на сообраќајната безбедност. 

Под мотото „Вози безбедно, вози одморен“, „Носи кацига“, како и со посебен акцент на безбедноста на велосипедистите, на повеќе локации во Битола и Ресен полициските службеници укажуваа на важноста од внимателно, одговорно возење , задолжително носење на заштитна кацига-шлем и секако задолжително правење паузи при возење на долги дестинации, особено сега во летниот период. Истовремено беа делени и информативни летоци изработени со поддршка од РСБСП, со практични и корисни совети за возачите, во интерес на личната и општата безбедност во сообраќајот.