11 јули 2025

Превентивни активности за безбедно управување возила

 Во рамки на летната кампања за превентивно делување „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“, припадниците на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при МВР, секојдневно на коридор 10, каде што транзитирањето на домашните и странските државјани е најголемо, активно е вклучена во превентивно-едукативна кампања со цел подигнување на свеста кај возачите со делење на флаери и укажување за значењето на заморот при управување со возило во летниот период.