10 јули 2025

Превентивни активности на СВР Штип за безбеден сообраќај и заштита од имотни деликти

Денеска (10.07) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при ОВР Свети Николе во централното градско подрачје на Свети Николе спроведоа превентивно едукативна кампања на темата „Обезбеди го твојот дом“.
Превентивната активност се реализираше преку непосредни средби со граѓаните и на истите им беа давани основни безбедносни совети за заштита на домот од имотни деликти, а воедно им беа делени летоци со корисни информации за превенција од имотни деликти. Притоа им беше укажано доколку забележат сомнителни лица веднаш да се јават на телефонскиот број 112 и да го пријават настанот во полиција, за да бидат преземени соодветни мерки.
Денеска и полициски службеници од ПО за БПС Кочани на градскиот пазар во Кочани спроведоа превентивна активност под мотото – „Паркирај совесно- паркирај одговорно“. На несовесните возачи кои ги паркираа возилата на јавни површини, а посебно на тротоари и кај крстосниците со кружен тек, им беше укажувано за прекршокот и им бea делени летоци. Идентична активност од областа на безбедноста во сообраќајот беше спроведена и од страна на полициски службеници од ПО за БПС Берово на улиците „Маршал Тито“ и „23 Август“. Под мотото „Учествувајте одговорно во сообраќајот“ пред се на пешаците им беше укажувано да внимаваат кога преминуваат на улица, да поминуваат на пешачки премин, да погледнат добро околу нив – а се во насока на нивна безбедност во сообраќајот.