10 јули 2025

Превентивна активност на СВР Скопје за заштита од имотни деликти

 Денеска (10.07.) Одделението за превенција при СВР Скопје во содејство со Единицата за криминалистички работи при СВР Скопје постапувајќи околу активностите поврзани со „Превенција од имотни деликти“, реализираа едукативно превентивна средби со граѓани, пред се оние од повозрасните категории, односно пензионери на подрачјето на Општина Гази Баба. Притоа, во непосредна комуникација со претставниците на пензионерското здружение Хиподром беше разговарано и беа презентирани низа практични совети и информации околу заштитата на пензионерите од имотни деликти - кражби, тешки кражби во куќи и станови- а особено беше ставен акцент на измамите, пред се телефонските измами, се со цел брза и навремена реакција на институциите. Исто така, на присутните пензионери им се укажуваше дека со навремен повик и брза реакција на полицијата можат да се превенираат последиците, а дополнително им се делеа и едукативни материјали односно летоци со корисни совети и препораки.