Денеска (09.07.) од страна на полициски службеници од ПО за БПС Берово, на локации на улицата „Зоран Бубевски“ во Берово беше спроведена превентивно-едукативна активност од повеќе области на безбедноста во сообраќајот. Под мотото „Стави појас“, потоа „Не пиј алкохол кога возиш“, „Не зборувај на мобилен телефон додека возиш“, како и „Паркирај совесно и одговорно“, полициските службеници им укажуваа на учесниците во сообраќајот за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи. Исто така, на возачите им беше делен и едукативен материјал –летоци, изработени во соработка со РСБСП.
Исто така, денеска и полициски службеници од ПС Делчево, во соработка со РСБСП и ОСБСП Делчево реализираа превентивна активност на повеќе локации во градот под мотото „Паркирај совесно -паркирај одговорно“. За време на активноста на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина за почитување на законската регулатива околу непрописното паркирање, како и за важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи. Воедно, при непосредната комуникација со граѓаните стана збор и значењето од користење сигурносни појаси.
Инаку, денеска во салата за состаноци во ОВР Берово на тема: „Превенција, координација и постапување при појава на пожари“ се одржа работен состанок со претставници од институциите на општините Берово и Пехчево, како и со претставници на други институции (Шумска полиција, ЈП „Национални шуми“, подрачното одделение за одбрана при МО, ТППЕ, ЦУК, ДЗС...) со цел координирање во процесот на справување со пожарите и подигањето на свеста за опасноста од пожарите.