09 јули 2025

„Вози одморен, вози одговорно“, превентивна активност на ОВР Кавадарци

Денеска (09.07.) полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци заедно со претставници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата,  на експресниот пат Градско - Прилеп, реализираа превентивна активност во рамки на кампањата „Вози одморен, вози одговорно“.  
На возачите во непосредна комуникација им беше укажувано за важноста од управување на возило одморени, бидејќи заморот и падот на концентрацијата се чести причини за предизвикување на сообраќајни незгоди, особено во летниот период, кога се возат стотици километри на пат кон туристичките дестинации. Во овој период,  зголемен е бројот на туристи кои транзитираат низ земјава и минуваат и по оваа делница. Со оваа активност уште еднаш беше потенцирана потребата за подигнување на сообраќајната култура на учесниците во сообраќајот на патиштата, преку почитување на сообраќајните прописи и одговорно однесување, правање почести паузи, а со цел да ги заштитат својата, безбедноста на нивните семејства и другите учесници во сообраќајот.
На возачите им беше поделен и едукативен печатен материјал, изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.