На 07.07.2025 полициски службеници од РЦГР Север- ПСГН Танушевци во соработка со ЈП „Национални шуми“ спроведоа превентивна активност во рамки на кампањата за спречување на шумските пожари.
Полициските службеници ги информираа граѓаните за последиците што можат да настанат од фрлање на отпушоци од цигари на отворен простор, особено во време на високи температури и сува вегетација, односно за опасноста од предизвикување пожари од големи размери. Беше потенцирано и дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично со цел брза и навремена реакција на институциите. Граѓаните беа информирани и за забраната за движење во шумски предели, за да се намали ризикот од појава на пожари на отворен простор.