Денеска (07.07.) полициски службеници при ОВР Свети Николе на улицата „Маршал Тито“ во централното градско подрачје спроведоа превентивно-едукативна активност под мотото - ,,Палење на шумите е криминал“.
При спроведување на активностите во разговор со граѓаните од страна на полициските службеници им беше укажано на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд, и внимателност при земјоделските работи во летниот период. Исто така, беше наглесена важноста од благовремено пријавување на пожарите, односно за начините на превенција и заштита на шумите. Целта на превентивната активност беше да се подигне јавната свест кај граѓаните за совесно и одговорно однесување со посебно внимание околу ризиците од настанување на шумски пожари. Воедно од страна на полициските службеници беа делени и летоци со информативна содржина.
И во Пробиштип во централното градско подрачје денеска од страна на полициски службеници од ОВР Пробиштип беа реализирани се превентивни активности во делот на безбедноста во сообраќајот.
Притоа под мотото „Секогаш носи кацига и заштити го својот живот“ на граѓаните учесници во сообраќајот со мотоцикли, велосипеди и електрични тротинети им беа делени летоци со едукативна содржина изработени во споработка со РСБСП.
На оваа категорија учесници во сообраќајот, преку непосредна комуникација им е беше укажано на важноста од користење на заштитен шлем, како и низа други безбедносни совети при управување со таквите превозни средства а се со цел зголемување на нивната безбедност и намалување на сообраќајните незгоди, како и последиците од веќе случените сообраќајни незгоди. Исто така, беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби. Покрај ова дел од активностите беа посветени и на неправилното паркирање и на безбедноста на пешаците.