07 јули 2025

Превентивни активности на СВР Скопје Одделението за превенција при СВР Скопје денешните (07.07.) превентивни активности ги посвети на „Превенција од имотни деликти“ и кампањата “Не оставајте вредни

 Одделението за превенција при СВР Скопје денешните (07.07.) превентивни активности ги посвети на „Превенција од имотни деликти“ и кампањата “Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“. Притоа, реализацијата на едукативно превентивна активност се одвиваше на подрачјето ПСОН Центар, поточна на улицата „Загребска“ во непосредна близина на црквата „Св.Јован Крстител“ и на паркинг просторот во непосредна близина на Трговските центри „Беверли“ и „Зебра“.

 

Основна цел на проектот е заштита од тешки кражби од куќи и станови, од разбојништва, насилства, измами, со акцент на заштита од тешки кражби од патнички моторни возила. Воедно, дополнителна цел на оваа кампања е и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. При тоа, на граѓаните им се укажуваше дека оставањето на вредни предмети видливи во автомобилот е потенцијално привлекување на извршување на кривично дело од делот на имотни деликти, односно обивање на возило поради кражба. 

Се укажуваше и на потребата од подигнување на нивото на безбедносната свест и самозаштита а на граѓаните им се делеа и едукативни материјали – летоци со корисни едукативни препораки.