06 јули 2025

СВР Битола и ОВР Ресен – превентивни активности од областа на сообраќајната безбедност

 Отсекот за превенција при СВР Битола и Полициското одделение за безбедност во сообраќајот при ОВР Ресен вчера (05.07.) во рамки на кампањите за унапредување на сообраќајната култура, на подрачје на Битола и Ресен, односно во централното градско подрачје на Битола и Ресен реализираа сообраќајна превентивно активност наменета за возачите, а под мотото – „Вози одморен“, потоа – „Стави појас“ „Не зборувај на мобилен додека возиш“, „Алкохол и волан најлоша комбинација"

Оваа превентивна активност што беше организирана од страна на полициските службеници, во соработка со РСБСП беше примарно насочена кон подигнување на безбедносната свест за одговорно и безбедно учество во сообраќајот со посебен акцент и на моторциклистите, особено младите почетници. Токму заради таа цел во реализиацијата се вклучија и мотоклубови од Ресен со дефиле низ градот. Дополнително, покрај непосредните практични совети на возачите им беа делени едукативни материјал со информативни содржини изработени во соработка со РСБСП.