04 јули 2025

Превентивни активности на РЦГР Север за безбеден сообраќај

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранично управување Север во соработка со РСБСП на граничниот премин Табановце спроведоа превентивна активност во рамки на кампањите „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Стави појас“.
На возачите преку директна комуникација им беше укажувано на големиот ризик и последиците кои можат да настанат доколку се користи мобилен телефон додека се управува моторно возило, како и за обврската и потребата за користење на појас при патување, која важи и за возачите и совозачите, а беше укажано и за казнените одредби за овие прекршоци Од страна на полициските службеници беше поделен и едукативен печатен материјал, обезбеден во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.