03 јули 2025

Превентивна активност на СВР Струмица за безбеден сообраќај

Денеска (03.07.) во Струмица полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица реализираа превентивна активност нaсочена кон возачите на велосипеди.
Полициските службеници во непосреден разговор со велосипедистите им укажуваа за нивните обврски за безбедно учествување во сообраќајот, односно да управуваат технички исправни велосипеди, секогаш да користат заштитен шлем, да бидат видливи, особено ноќе носејќи рефлектирачки елек, да се движат по велосипедска патека, а на места каде истата ја нема да се движат до десниот раб на коловозот.
На велосипедистите им беше поделен и едукативен материјал обезбеден од РСБСП.