03 јули 2025

„Вози одморен, вози одговорно“, превентивна активност на ОВР Неготино

На 03.07.2025 полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Неготино, заедно со Општинскиот совет за безбедност на патниот сообраќај Неготино, на автопатот Неготино – Гевгелија, на наплатната станица „Демир Капија“, реализираа превентивна активност во рамки на кампањата „Безбедно во лето- вози одморен, вози одговорно“. На возачите во непосредна комуникација им беше укажувано за важноста одморени да ги управуваат возилата, бидејќи заморот и падот на концентрацијата се чести причини за предизвикување на сообраќајни незгоди, особено во летниот период, кога граѓаните возат стотици километри на пат кон туристичките дестинации. Во овој период,  зголемен е и бројот на туристи кои транзитираат низ земјава и минуваат токму по оваа делница. Со оваа активност уште еднаш беше потенцирана потребата за подигнување на сообраќајната култура на учесниците во сообраќајот на патиштата, преку почитување на сообраќајните прописи и одговорно однесување, а со цел да ги заштитат својата, безбедноста на нивните семејства и другите учесници во сообраќајот.
Истовремено, на возачите им беше поделен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.