03 јули 2025

Превентивна активност на Регионалниот центар за гранични работи Исток



На 02.07.2025 во Делчево, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток одржаа работен состанок со претставници на надлежните институции за превенција и заштита од пожари на отворен простор. На состанокот присуствуваа претставници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Делчево, Полициската станица од општа надлежност Делчево, ЈП „Национални шуми“- ШС Голак Делчево, Општина Делчево, МЗШВ- Државен инспекторат за земјоделство, Регионалниот центар за управување со кризи и ТППЕ Делчево. На состанокот беа презентирани преземените превентивни мерки и активности за заштита од пожарите и планираните мерки и активности кои треба да се реализираат во наредниот период.

Потенцирана е важноста од меѓуинституционална соработка и спроведување на заеднички превентивни активности на подрачјето на општина Делчево, со цел информирање на граѓаните за опасностите и штетите од пожарите, како и информирање на граѓаните за целосната забрана за движење во шумите од 01.07.2025 до 31.08.2025 г. и начинот како граѓаните може да добијат писмено одобрување од ЈП „Национални шуми“.