01 јули 2025

„Не користи мобилен телефон додека возиш“, превентивна активност на ПО за БПС Берово

 

Денеска (01.07) во Берово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Берово спроведоа превентивно - едукативна активност во рамки на кампањата „Не користи мобилен телефон додека возиш“.

Превентивната активност беше наменета за сите учесници во сообраќајот кои управуваат моторни возила, и преку директна комуникација им беше укажувано на големиот ризик и последиците кои можат да настанат доколку се користи мобилен телефон додека се управува моторно возило. Воедно, беа поделени и летоци со едукативна содржина, обезбедени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.