01 јули 2025

„Носи кацига и заштити го животот“, превентивни активности на СВР Куманово за безбеден сообраќај

 Вчера (30.06.2025) на повеќе локации во Куманово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, ПС за БПС Куманово и Општинскиот совет за превенција спроведоа превентивни активности „Носи кацига и заштити го животот“.

Со превентивните активности беа опфатени велосипедистите, мотоциклистите и возачите на електрични тротинети. Полициските службеници преку директна комуникација им даваа корисни совети на граѓаните и им ја потенцираа важноста за носење кацига со цел да се избегнат посериозни повреди при евентуална сообраќајна незгода, а им поделија и едукативен печатен материјал, изготвен од Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај, во кој покрај советите за задолжително носење на кацига, опфатени се и останатите правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот.