30 јуни 2025

„Носи кацига и заштити го животот“, превентивна активност на ОВР Пробиштип за безбеден сообраќај

 

Денеска (30.06.2025) во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип спроведоа превентивна активност „Носи кацига и заштити го животот“. Со превентивната активност беа опфатени велосипедистите, мотоциклистите и возачите на електрични тротинети. Полициските службеници преку директна комуникација им даваа корисни совети на граѓаните и им ја потенцираа важноста за носење кацига со цел да се избегнат посериозни повреди при евентуална сообраќајна незгода, а им поделија и едукативен печатен материјал, изготвен од Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај, во кој покрај советите за задолжително носење на кацига, опфатени се и останатите правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот.