30 јуни 2025

Превентивни активности на СВР Куманово за заштита од пожари

 

Вчера (29.06.2025) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со ЈП „Национални шуми“ на повеќе локации во селата Доброшане, Орашац, Скачковце, Габреш, Шупли камен, Градиште, Кучкарево и Пезово беа реализирани превентивни активности за заштита од пожари. На граѓаните им беше појаснето дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и сл. со цел брза и навремена реакција. Во летниот период, со зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание. Затоа, беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор, како и внимателно извршување земјоделски работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Граѓаните беа информирани и за забраната за движење во шуми која стапува на сила утре- 1 јули и ќе трае до 31 август, освен со претходна дозвола од ЈП „Национални шуми“, а на оној кој ќе биде затекнат во шума без дозвола ќе му биде изречена глоба.