27 јуни 2025

Превентивна активност на СВР Скопје за безбеден сообраќај


Денеска (27.06.2025) во рамките на сеопфатните кампањи за унапредување на сообраќајната култура, на подрачје на ПСОН Центар беше реализирана превентивно-едукативна активност наменета за пешаците и возачите „Сите сме пешаци“. Настанот беше организиран од РСБСП и Одделението за превенција при СВР Скопје, со цел подигнување на свеста за одговорно и безбедно учество во сообраќајот, особено кај категориите учесници кои најчесто се изложени на ризици – пешаците, но и кај возачите кои со почитување на сообраќајните правила придонесуваат и за безбедноста на пешаците.

Притоа, беше поделен и едукативен материјал со практични совети за безбеден сообраќај.