Денеска (27.06.2025) полициски службеници од РЦГР Исток- Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор –Делчево и членови на Клубот на млади при Црвен крст- Делчево на граничниот премин „Делчево“ спроведоа превентивна активност посветена на заштитата од пожари и како граѓаните да се однесуваат при високи температури.
Полициските службеници и претставниците на Црвениот крст-Делчево ги информираа возачите на моторни возила за опасностите од високите температури при долготрајно возење и за последиците што можат да настанат од фрлање на отпушоци од цигари на отворен простор, особено во време на високи температури и сува вегетација, односно за опасноста од предизвикање пожари од големи размери.
На возачите им беа поделени и шишиња со вода, како и летоци кои ги содржат и телефонските броеви 112 и 192, на кои можат да се јават и навремено да ги информирааат надлежните институции доколку забележат дека некаде настанал пожар, со цел тие навремено да интервенираат и да се спречат поголеми штети.