27 јуни 2025

Превентивни активности на СВР Велес за заштита од пожари и бесправна сеча

 Денеска (26.06.2025) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и Полициската станица Велес реализирана е работна средба со директорот на ЈП „Национални шуми“-подружница Бабуна Велес и претставник од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рамки на кампањата за спречување на шумски пожари и бесправната сеча на дрва, со цел навремено, координирано делување на превентивен план, но и при евентуално настанат пожар.


Исто така, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со шумската полиција, на подрачјето на општина Чашка и околните села Мартолци, Оморани, Теово, Богомила, Голозинци, Лисиче и Мелница реализираа и превентивни активности за заштита од пожари и бесправни сечи. На граѓаните им беше појаснето дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и сл. со цел брза и навремена реакција. Во летниот период, со зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание. Затоа, беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор, како и внимателно извршување земјоделски работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева  и смет на ниви.


Исто така, во текот на вчерашниот ден и полициски службеници од ОВР Неготино, во селата Војшанци, Бистренци и Корешница, спроведоа превентивни активности во рамки на кампањата за спречување на шумските пожари и бесправната сеча на дрва.За време на превентивните активности беа поделени и печатени материјали со информативна содржина изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“ и Шумска полиција.