На (24.06.) во Тетово, Отсекот за превенција при СВР Тетово спроведе превентивно едукативна активност под мотото „Паркирај совесно, паркирај одговорно“, а во рамки на континуираниот превентивен проект за безбеден сообраќај.
Притоа, полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните, односно со возачите, апелирајќи за почитување на сообраќајните правила и прописи, укажуваа дека правилното паркирање е од исклучителна важност за севкупната безбедност во сообраќајот, како во поглед на безбедноста на пешаците, така и во поглед на непреченото одвивање на сообраќајот. Исто така, на возачите им беа делени едукативни летоци со информативни содржини, изработени во соработка со РСБСП.