24 јуни 2025

Превентивни активности на СВР Штип за заштита од пожари и безбеден сообраќај

Полициски службеници од ОВР Пробиштип и ПС Берово, во соработка со ЈП „Национални шуми“, во селата Смојмирово, Будинарци, Мачево, Древено и Добрево, денеска (24.06.) спроведоа превентивни активности во рамки на кампањата за спречување на шумските пожари и бесправната сеча на дрва. Притоа, во рамки на активностите, во разговор со граѓаните беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично со цел брза и навремена реакција на институциите.
Беше нагласено дека во период на зголемени температури, расте и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание. Затоа, беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор, како и внимателно извршување земјоделски работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Покрај тоа, граѓаните беа информирани и за законските одредби и санкции, особено во поглед на законскaта регулатива која ги опфаќа пожарите и бесправната сеча на дрва. Воедно на граѓаните им беа делени и информативни летоци.
Исто така денеска (24.06.2025), полициски службеници од ПС за БПС Штип во детската градинка „Вера Циривири- Трена“ во Штип, преку наменски подготвено предавање, ги запознаа дечињата со основните сообраќајни правила и прописи, односно како да се однесуваат кога се учесници во сообраќајот како пешаци и особено кога возат велосипеди.