Полициски службеници од СВР Битола, денеска (24.06.) реализираа превентивна активност на повеќе локации во Битола под мотото „Градиме пријателство-создаваме безбедност“, тематски посветена на превенцијата од имотни деликти, со посебен акцент на превенција од џебни кражби и провални кражби.
Активноста беше реализирана преку непосредни средби со граѓани, особено оние од повозрасните категории, на коишто им беше укажувано и појаснето како да се заштитат од сторителите на овие кривични дела. На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина.