Денеска (23.06.2025) во Свети Николе полициски службеници од Отсекот за превенција при ОВР Свети Николе спроведoa превентивна активност „Вози одговорно -стави појас". При тоа, полициските службеници преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот укажуваа на обврската и потребата за користење на појас при патување, која важи и за возачите и совозачите, а беше укажано и за казнените одредби за овој прекршок. Особено беше потенцирана значајната заштитна улога што ја има сигурносниот појас при случена сообраќајна незгода. Од страна на полициските службеници беше поделен и едукативен печатен материјал, а се со цел зголемување на свеста кај учесниците во сообраќајот.
Исто така денеска (23.06.2025), полициски службеници од ПО за БПС Берово во Берово спроведоа превентивна активност „Паркирај совесно", со цел да се потенцира потребата од правилно паркирање, со цел превенција од сообраќајни незгоди.