23 јуни 2025

„Носи кацига и заштити го животот“, превентивна активност на СВР Тетово за безбеден сообраќај

Вчера (22.06.2025) во Тетово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово спроведоа превентивна активност „Носи кацига и заштити го животот“. Со превентивната активност беа опфатени велосипедистите, мотоциклистите и возачите на електрични тротинети како учесници во сообраќајот. Полициските службеници преку директна комуникација им даваа корисни совети на граѓаните и им ја потенцираа важноста за носење кацига со цел да се избегнат посериозни повреди при евентуална сообраќајна незгода, а им поделија и едукативен печатен материјал, изготвен од Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај, во кој покрај советите за задолжително носење на кацига, опфатени се и останатите правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот.