Денеска (22.06.2025) на повеќе локации во с.Вирче, с.Град, с.Стамер, с.Звегор и с.Габрово, полициски службеници од Одделението за превенција при ОВР Делчево во содејство со полициски службеници од Полициската станица станица за граничен надзор и граничен премин Делчево при РЦ за ГР Исток спроведоа превентивни активности под мотото „Превенција и заштита од пожари на отворен простор, во објект и шумски пожар“, како и „Превенција и заштита од провални кражби и џебни кражби“.
На средби со месното население и во непосредна комуникација беше укажувано на неопходноста од внимателно и одговорно однесување, особено во поглед на палењето на стрништа и меѓи, фрлање на отпушоци и друг запалив отпад, односно елиминирање на сите потенцијални ризици кои можат да предизвикаат шумски пожари. Воедно, на месното население беа делени летоци со корисни содржини за законските последици и за превенцијата од пожари на отворен простор и шумски пожари.
Реализирана е и активност под мотото „Градиме пријателство, создаваме безбедност -обезбеди го твојот дом“ за превенција од имотни деликти, со посебен акцент на превенција и заштита од кражби, џебни кражби и тешки кражби. Активноста е реализирана преку непосредни средби со месното население,особено со оние од повозрасните категории на кои им беше укажано и појаснето како да се заштитат од кривични дела и што да превземат. Исто така, и за време на оваа активност беа делени летоци со едукативна содржина.