20 јуни 2025

Превентивни активности на подрачјето на СВР Скопје за побезбеден сообраќај и заштита од шумски пожари и бесправна сеча на дрва

 Денеска (20.06.2025), во рамки на сеопфатните кампањи за унапредување на сообраќајната култура, на излезот од Скопје на подрачјето на Полициската станица Гази Баба, беше одржана сообраќајна превентивно-едукативна активност за возачите согласно кампањите „Стави појас“ и „Не зборувај на мобилен додека возиш“. Настанот беше организиран од РСБСП и Одделението за превенција при СВР Скопје, а со цел подигнување на безбедносната свест за одговорно и безбедно учество во сообраќајот. Притоа, беше поделен едукативен материјал со практични совети за безбеден сообраќај.

Исто така, денеска (20.06.2025), полициски службеници од Полициските станици Кисела Вода и Драчево, во соработка со ЈП „Национални шуми“- Подрачно шумско стопанство Караџица – Скопје, во с.Патишка река, с.Држилово, с.Јаболце, с.Батинци, с.Студеничани, с.Морани и с.Зелениково  спроведоа превентивна активност за заштита на шумите од пожари и заштита од бесправна сеча на дрва. Притоа, беа одржани средби со месното население и со возачите и во непосредна комуникација им беше укажано потребата од внимателно  однесување  кога се движат во шума, елиминирање на потенцијалните ризици  за  предизвикување на  шумски пожари. Воедно, беа делени и летоци со едукативна содржина, за законските последици и превенција од пожар на отворен простор и шумски пожари, како и заштита од бесправна сеча на дрва со навремено  пријавување на телефонскиот