19 јуни 2025

Превентивни активности во Делчево и Берово за заштита од семејно насилство и побезбеден сообраќај

 Денеска (19.06.2025) во централното градско подрачје во Делчево, полициски службеници од Отсекот за превенција и полициски службеници од Полициската станица Делчево реализираa превентивнa активност на тема „Превенција и заштита од семејно насилство“.
За време на активноста на граѓаните и беа појаснети облиците на семејно насилство, како и правата и мерките за заштита при постоење на некој од облиците на семејно насилство. Граѓаните беа запознаени и со телефонските броеви на кои може да се пријави семејно насилство, а беа  поделени и летоци со едукативна содржина.
Исто така, денеска (19.06.2025), на улица „23 Август" во Берово, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Берово спроведоа превентивна активност ,,Одговорно пред пешачки премин’’. За време на активноста на пешаците им беше укажано да внимаваат кога преминуваат на улица, да поминуваат на пешачки премин, да погледнат добро околу нив и да носат посветла облека за да бидат полесно забележани.