18 јуни 2025

Превентивна активност на Граничен премин Јажинце за заштита од шумски пожари

 На подрачјето под надлежност на Полициската станица за граничен премин Јажинце, кон делот од државната граница, како и на граничниот премин, денеска (18.06) полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север реализираа активности од областа на превенција, односно активности од областа на спечувањето и заштитата на шумите од шумски пожари и безправна сеча на дрва. 

Под мотото - „Превенција од шумски пожари“ се разговараше со локалното население за сите ризици и последици од шумски пожари и бесправна сеча а воедно на дел од патните правци истовремено се предупредуваа возачите да внимаваат на почитувањето на сообраќајните правила и прописи.