18 јуни 2025

Превентивна активност во Делчево за заштита од кражби

 Полициски службеници од Полициската станица Делчево, денеска (18.06.)  реализираа  превентивна  активност на повеќе локации во Делчево под мотото „Градиме пријателство-создаваме безбедност“, тематски посветена на превенцијата од имотни деликти со посебен акцент на превенција од џебни кражби  и провални кражби.

Активноста е реализирана преку непосредни средби со граѓани особено со оние граѓани од повозрасните категории на коишто им беше укажувано и појаснето како да се заштитат од сторителите на овие кривични дела и што да превземат секако примарно во соработка со полицијата. На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина.