Денеска (17.06.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, на наплатните станици „Демир Капија“, патен правец Велес – Гевгелија и обратно и „Виничани“ на патниот правец Велес - Градско и обратно, реализираа превентивно-едукативна активност за заштита од пожари на тема „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари“ и „Пламените јазици се незапирливи“. Преку непосредни разговори со возачите и патниците, беше нагласена потребата од внимателно и одговорно однесување при патување.
На граѓаните им беше укажано да не фрлаат догорчиња од цигари или било каков друг вид запаливи материјали покрај патиштата, како и обврската за внимателно и одговорно однесување кога се движат во шумски предели, за да се намали ризикот од појава на пожари на отворен простор, особено во летниот период кога е зголемена температурата и опасноста од пожари е поголема.
Целта на активноста е да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Воедно, беше укажана и потребата од навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување од страна на граѓани, со цел навремена и брза реакција на сите надлежни институции.
Исто така, на денешната превентивна активност на возачите им беа поделени совети за внимателно возење, почитување на сообраќајната сигнализација , со напомена да возат одморени со цел безбедно и сигурно патување. Притоа, беше поделен и печатен материјал со едукативни препораки, со цел подигнување на свеста за безбедност.