Денеска (17.06.), во рамките на сеопфатните кампањи за унапредување на сообраќајната култура, на подрачје на Полициската станица Бит Пазар, на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, беше реализирана сообраќајна превентивно-едукативна активност наменета за кориисници на мотоцикли, велосипеди и е-тротинети, како и за пешаците и возачите, а под познатите мота : „Носи кацига-вози одговорно“, „Заврти на сигурно со велосипед и е-тротинет“, „Сите сме пешаци“, „Стави појас“, „Не збори на мобилен додека возиш“ и „Паркирај совесно-паркирај одговорно“.
Настанот беше организиран од РСБСП и Одделението за превенција при СВР Скопје со цел подигнување на свеста за одговорно и безбедно учество во сообраќајот, особено кај категориите учесници кои најчесто се изложени на ризици – пешаци, мотоциклисти, велосипедисти и корисници на електрични тротинети.
Притоа, беше поделен едукативен материјал во форма на летоци како информативни содржини со практични совети за безбедно движење по тротоарите, велосипедските патеки и патиштата.