17 јуни 2025

Превентивни активности на подрачјето на СВР Штип

 Денеска (17.06.), полициски службеници од ОВР Делчево, во  соработка со општина Делчево, во Детска градинка „Весели цветови“ во Делчево одржаа едукативно предавање на тема – „Безбедноста на најмалите во сообраќајот“ за децата од предучилишна возраст. Преку видео презентација децата беа запознаени со основните сообраќајни правила и прописи како да се однесуваат како учесници во сообраќајот кога се пешаци, како да поминат на пешачки премин и кога и каде да возат велосипед. Идентична активност, но во градинката „Вера Циривири Трена“ во Штип, денеска  реализираа и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип. 

Исто така, во Свети Николе, полициски службеници при ОВР Свети Николе спроведоа едукативна акција од областа на сообраќајот на улицата „Филип Втори“. Притоа, под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“, во непосредна комуникација со граѓаните, односно возачите, полициските службеници укажуваа на опасноста од користење на мобилен телефон за време на возењето, како и за сериозните последица што може да ги предизвика таквото однесување. На возачите им беше укажано и за потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, а од страна на полициските службеници беше делен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со РСБСП.