13 јуни 2025

Превентивни активности на СВР Куманово

Отсек за превенција при СВР Куманово вчера (12.06) во централното градско подрачје во Куманово реализираше превентивна активност на тема „Безбедно во сообраќајот“. 

Во непосредна комуникација на возачите им беше потенцирана обврската за задолжително користење на сигурносен појас во возилата, за штетноста од користење на мобилен телефон, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи. При превентивната активност на граѓаните им беше поделен и едукативен печатен материјал, изработен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.