13 јуни 2025

Превентивни активности на ОВР Берово

Денеска (13.06.) полициски службеници од ОВР Берово и вработени во Јавното претпријатие „Национални шуми“ на локации во населените места, односно селата Негрево и Црник  спроведоа превентивни активности, тематски фокусирани на заштитата на нашите шуми од шумски пожари и за заштита од безправна сеча на дрва.

Притоа, полициските службеници реализираа низа средби со граѓани и возачи, жители од овие подрачја при што во непосредна комуникација им беше укажано на неопходноста од внимателно и одговорно однесување, особено во поглед на палењето на стрништа и меѓи, фрлање на отпушоци и друг запалив отпад, односно елиминирање на сите потенцијални ризици кои можат да предизвикаат шумски пожари. Воедно, на граѓаните им беа делени и едукативни летоци со корисни содржини за законските последици и за превенцијата од пожари на отворен простор и шумски пожари.