Вчера (12.06.) во рамките на сеопфатните кампањи за унапредување на сообраќајната култура, Одделението за превенција при СВР Скопје на булеварот „Партизански одреди“ одржа сообраќајна превентивно-едукативна активност првенствено наменета за корисниците на мотоцикли, велосипеди и електрични тротинети. Настанот беше организиран во соработка со РСБСП, и членови од мото клубот „Вепар“ од Скопје, а со цел подигнување на безбедносната свест за одговорно и безбедно учество во сообраќајот, особено кај категориите учесници кои најчесто се изложени на ризици – пешаци, мотоциклисти, велосипедисти и корисници на електрични тротинети.
Притоа, минувачите имаа можност одблиску да се запознаат со мотоциклите на членовите од Мото клубот „Вепар“, да разговараат со искусни мотоциклисти и полициските службеници за правилата и прописите во сообраќајот, како и да добијат едукативен материјал со практични совети за безбедно движење по тротоарите, велосипедските патеки и патиштата.