11 јуни 2025

Превентивни активности во Виница и Делчево за заштита од кражби и побезбеден сообраќај

Денеска (11.06.2025) на Градскиот пазар во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница реализираа активност за превенција од имотни деликти со особен акцент на превенција од џебни кражби, измами и разбојнички кражби. Активноста – „Градиме пријателство -создаваме безбедност"  е реализирана преку непосредни средби со граѓани, особено со повозрасните на кои им беше укажано и појаснувано како да се заштитат од сторителите на овие кривични дела. На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина.

Исто така, денеска (11.06.2025), полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај реализираа превентивна активност и во Делчево на тема „Вози одговорно - стави појас“. За време на активноста на возачите - учесници во сообраќајот им беа поделени летоци со едукативна содржина за почитување на законската регулатива, за  почитувањето на сообраќајните правила и прописи, како и тоа дека некористењето на сигурносниот појас е една од главните причини за голем број загинати и тешко повредени лица во сообраќајни незгоди. Целта на активноста беше зголемување на безбедноста во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила.