08 јуни 2025

Превентивни активности на Регионалниот центар за гранични работи Север за заштита од шумски пожари

На 07.06.2025 во реонот на с.Луке, кривопаланечко, полициски службенции од Регионалниот центар за гранични работи Север реализираа превентивна активност за заштита на шумите од пожари. Притоа, со месното население беше разговарано и им беа делени совети со цел  подигање на свеста за опасностите и последиците кои би настанале со евентуален шумски пожар. За време на активноста од населението беше побарано да не се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат отпушоци, да не се пали отпад, а воедно беше запознаено и со репресивните мерки за предизвикување пожар. 

Денеска (08.06.2025), полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци во реонот на село Танушевци, скопско, исто така, спроведоа превентивна кампања  „Безбедно лето - Спречување на шумски пожари“. И денеска на граѓаните им беше укажувано дека е особено важно да се однесуваме совесно и одговорно кон природата. 
За време на двете превентивни активности на граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина.