06 јуни 2025

Превентивни алтивности на СВР Скопје

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (06.06.) во соработка со ЈП „Национални шуми“ и Шумската полиција на подрачјата на ПСОН Кисела Вода, односно на рекреативен центар Козјак (Grizzly Guardians), спроведе превентивна активност во рамки на кампањата за спречување на шумските пожари и бесправната сеча на дрва.

Притоа во рамки на активноста во разговор со посетителите беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично со цел брза и навремена реакција на институциите.

Исто така беше нагласено дека во пресрет на летниот период и зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание. Затоа, беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор. Покрај тоа посетителите беа информирани и за законските одредби и санкции, а целта на активноста беше да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните. Воедно на посетителите им беа делени и информативни летоци.