Денеска (05.06.2025) во рамки на кампањата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата под мотото „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со РСБСП и со општествено одговорната компанија „Интертурс“ ДООЕЛ Скопје – учествуваше во реализацијата на посетата на ученици од основното училиште „Јоаким Крчовски“ од Волково на просториите на РСБСП, каде што воедно за учениците беше реализирано едукативно предавање.
Целта на посетата беше децата одблиску да се запознаат со работата на Советот и да видат како изгледа еден работен ден посветен на подобрување на безбедноста на сообраќајот. Главната цел на кампањата е преку едукација и интеракција да се поттикнат најмладите учесници во сообраќајот на одговорно и безбедно однесување и нивно запознавање со основните сообраќајни правила и прописи.
Преку интерактивна презентација, разговор, квиз и практични совети, децата имаа можност да научат како безбедно да се движат во сообраќајот, како и кои се улогите на институциите во заштитата на пешаците и другите учесници во сообраќајот.
Ваквите активности претставуваат значаен чекор во насока на јакнење на свеста кај најмладите за важноста од одговорно учество во сообраќајот и ја потврдува важноста на заложбата на МВР и РСБСП како партнери во кампањите за подобрување на безбедноста сообраќајот на патиштата.