04 јуни 2025

Превентивни активности на СВР Скопје

 Согласно превентивната програма – „Безбедност во училиштата“ со која што се опфатени основните училишта на подрачјето на град Скопје, денеска (04.06.2025) во Полициското одделение Мирковци во соработка со Одделението за превенција при СВР Скопје беше организиран „Отворен ден со полицијата“ за учениците од основните општински училишта „Александар Урдаревски“ од село Чучер Сандево и „Кирил и Методиј“ од село Кучевиште.

 

Притоа учениците имаа можност да се запознаат со професијата - Полициски службеник - и преку интерактивно кусо предавање на учениците им беа објаснети сите должности и активности на полициските службеници во служба на граѓаните и посебно децата. Воедно беше презентиран и делот на опремата на полициските службеници, начинот на функционирање при разни сценарија и слично. Оваа активност беше спроведена со цел афирмација на професијата и развивање на интерес за неа, но и во интерес на поблиска комуникација и соработка меѓу полицијата и заедницата.