04 јуни 2025

Превентивни активности на СВР Велес

 Денеска (04.06.2025) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес, на неколку локации во Велес, беше реализирана сообраќајна превентивно - едукативна активност под мотото „Не заборавајте сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот“. Акцентот на активноста беше ставен на пешаците, како учесници во сообраќајот, кои исто така имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за да се зголеми како нивната така и безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот.

 

Целта на оваа превентивно – едукативна активност беше да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајната култура, укажување на клучните фактори за безбедноста на најранливата категорија на учесници во сообраќајот-пешаците и особено повозрасните лица, но и зајакнување на довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните.

 

На граѓаните им беа поделени печатени едукативни материјали со препораки за безбедно учество во сообраќајот како пешаци и зголемена будност и внимателност при преминувањето на улица, изработени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а низ непосредната комуникација им беа давани корисни совети.